X
 17.02.2019 Живот

„Интернетот нема да заживее“, „Епл нема да направи телефон“ и други лоши процени на истакнати луѓе

Ако се водевме според мислењата на некои од најистакнатите личности од неодамнешната и малку постара историја, денес немаше да имаме наизменична струја, интернет, телефони, кино, возови, но ни атомски бомби.

1. Компјутери и интернет

- Никогаш нема да направиме 32-битен оперативен систем - Бил Гејтс, 1989.

- Речиси сите предвидувања што сега се изнесуваат за 1996 година зависат од постојаниот раст на интернетот. Меѓутоа, предвидувам дека интернетот ќе блесне спектакуларно како супернова и потоа катастрофално ќе пропадне - Роберт Меткалф, основач на компанијата „3Ком“, 1995.

- Не постојат толку видеозаписи кои јас би сакал да ги гледам - Стив Чен, коосновач на „Јутјуб“, 2005 година.

- Сите секогаш ме прашуваат кога „Епл“ ќе излезе со мобилен и јас им одговарам: „Веројатно никогаш“ - Дејвид Пог, „Њујорк тајмс“, 2006.

- Нема изгледи дека „ајфон“ ќе зграпчи значаен пазарен удел - Стив Балмер, главен извршен директор на „Мајкрософт“, 2007.

- Би ја затворил „Епл“ и би им ги вратил парите на акционерите - Мајкл Дел, основач на „Дел“, 1997.

- Спамот за две години ќе биде дел од минатото - Бил Гејтс, 2004.

2. Комуникации

- Американците мислат дека им треба телефон, но ние не мислиме така. Имаме многу гласници - сер Вилијам Прис, главен инженер, Британска пошта, 1878.

- Овој таканаречен телефон има премногу недостатоци за да го разгледуваат како средство за комуникација. Ваков уред инхерентно нема никаква вредност - интерен меморандум на „Вестерн Јунион“, 1876 година.


Фото: Tportal

- Пред човекот да стигне до Месечината, вашата пошта во рок од неколку часа со водни проектили ќе стигнува од Њујорк до Австралија. Ние сме на прагот на ракетна пошта - Артур Самерфилд, главен шеф на американската поштенска служба, 1959.

- Мобилниот телефон апсолутно нема да ги замени локалните жичени системи - Марти Купер, изумител на мобилниот телефон.

3. Патувања

- Како можете, господине, да направите брод кој плови против ветрот и струјата палејќи оган под палубата? Ве молам, простете, немам време да слушам такви глупости - Наполеон Бонапарта за парабродот, 19 век.

- Не е можно да се патува со железница со големи брзини бидејќи патниците ќе се задушуваат - д-р Дионисис Лардер, професор на Универзитетот во Лондон.


Фото: Tportal

- Летачките машини, потешки од воздухот, не се можни - Лорд Келвин, 1895 година.

- Коњот ќе остане, но автомобилот е само новина - каприц - банкарот Хорас Ракам, кој се противел на вложување во „Форд“, 1903 година.

4. Наука

- Натегањето со наизменичната струја е чисто губење на времето. Никој нема да го користи тоа - Томас Едисон, 1889.

- Ли де Форест најави пред многу години дека човечкиот глас ќе може да се пренесе преку Атлантикот. Врз основа на овие апсурдни и намерно погрешни изјави, дезинформираната јавност купи акции во неговата компанија - американски окружен обвинител во обвинение против американскиот изумител Ли де Форест, сопственик на „Радио телефон компани“, 1913 година.


Фото: Tportal

- Секој што верува дека со разбивањето на атомот ќе се создаде енергија, зборува глупости - Ернест Радерфорд, првиот човек кој го раздвоил атомот.

- Нема ни најмал показател дека нуклеарната енергија некогаш ќе биде достапна. Тоа би значело дека атомот треба да се разбие со волја - Алберт Ајнштајн, 1932.

5. Забавна индустрија

- Киното е малку повеќе од каприц. Тоа е конзервирана драма. Публиката сака да види крв и месо на сцената - Чарли Чаплин, 1916.

- Tелевизијaта никогаш нема да му биде сериозен конкурент на радиото бидејќи луѓето мора да седат и да ги држат очите залепени за екран. Просечното американско семејство нема време за тоа - уредништвото на „Њујорк тајмс“, 1939.

- Телевизијата нема да може да го задржи пазарот кој го освои во првите шест месеци. Луѓето наскоро ќе се изморат од гледање во кутија од шперплоча секоја ноќ - филмскиот продуцент Дарил Занук, 1946.


Фото: Tportal
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот