X
 17.02.2025 Живот

Местото каде што луѓето добија крилја: Првата скокалница во светот сѐ уште е величествена

Норвежаните се раѓаат на скии. Добро, можеби не буквално, но скијањето е длабоко вкоренето во нивната традиција и секојдневие. Во нордиската митологија богот на скијањето седи на главната маса, а во замрзнатите пештери, додека предците на другите Европејци цртале коњи и крави, предците на Норвежаните цртале скии.

Скијањето е едноставен, понекогаш и единствен начин за движење, а се развило како рекреативна и спортска активност дури во 19 век. За ова придонел развојот на материјали и опрема, а на крајот и самата техника на скијање.

Така, пред повеќе од 130 години, во 1892 година, во Осло, всушност во Кристијанија била изградена првата скокалница во светот - Холменколен, која веднаш станала заштитен знак на градот.

Лет со поглед

На рид над градот, до кој сега се стигнува за само 20 минути со јавен превоз, со спектакуларна панорама на Осло и неговиот фјорд, скокалницата, која досега била „поправена“ 18 пати, била најблиску до остварување на сонот на човекот за летање. Пионерските скокови од Холменколен биле долги само дваесетина метри, што звучи скромно во споредба со денешниот рекорд од 144 метри. Првите неколку години скокалницата била природен рид со рампа, изградена од снег и гранки.

 
Првата голема интервенција е направена во пресрет на Зимските олимписки игри во 1952 година, потоа за Светското првенство во 1966 година, а за Светското првенство во 1982 година Холменколен го добива својот препознатлив профил. За ФИС Светското првенство во 2011 година таа е реновирана според дизајнот на „ЈДС Аркитектс“.

Тој модерен дизајн ја подобри – доби платформа за гледање за посетители, штитници за скокачите и преуредување со импресивна алуминиумска мрежа, а ја зачува и својата посебност. Гранките и снегот биле заменети со илјада тони челик.

Холменколен е домаќин на ФИС Светскиот куп во скијачки скокови секоја година, како дел од ски-фестивалот што се одржува таму од 1982 година, а често се нарекува втор „национален ден“.

Во подножјето на скокалницата се наоѓа ски-музејот, се разбира, најстариот во светот. Основан е во 1923 година, преместен во Холменколен во 1951 година, а неодамна бил целосно реновиран.

Денес, скокалницата и музејот ги посетуваат повеќе од милион посетители годишно.

Извор: punkufer.dnevnik.hr

Фото: Instagram/Facebook

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот