X
 17.04.2017 Наука

Во потрага по ДНК-та на Исус

Во 2010 година, Касимир Попконстантинов открил коски за кои верувал дека му припаѓаат на светецот Јован Крстител. Своето откритие Попконстантинов го направил при ископот на една црква од шестиот век на остров во Црното Море. Додека внимателно се провлекувал низ калта до местото каде што се претпоставува дека се наоѓал олтарот, наишол на камена плоча под која збележал мала мермерна кутија. Предусловот за некоја црква да биде осветена во овој дел на Европа во петтиот век, потребно било да содржи свети мошти од некој светец или религиозна личност. Оваа кутија, позната како заветен ковчег, е место каде што се чувале вакви остатоци. Продолжил да копа и пронашол уште една, помала кутија, на речиси еден метар подалеку. На работ на оваа кутија стоел натпис: „Нека ве чува Бог, прислужникот Тома. До Свети Јован.“


Фото: Pixabay  

Откако Касимир го отворил заветниот ковчег, таму затекнал пет коски. Епитафот на помалата кутија, која се чини имала функција при транспорт на коските, бил клучен доказ што го навел Касимир да верува дека коските можеби му припаѓале на Јован Крстител.

Откритието е од огромна важност, делумно поради тоа што Јован Крстител бил ученик и роднина на Исус Христос, а тоа значи дека голема е веројатноста тие да споделуваат сличен „запис“ на ДНК.

Што може да ни каже ДНК-та во вакви случаи

ДНК-та треба да се користи како дополнителна алатка во археологијата. Од неа може да се извлече двојна корист: да се спореди ДНК-та од моштите со ДНК од други мошти, во смисла, доколку се најдат други остатоци за кои постои сомнеж дека му припаѓаат на Јован Крстител или на близок роднина на Исус Христос, тогаш генетиката ќе помогне во споредувањето на тие два примерока за да се провери дали му припаѓаат на истиот човек или на поврзани лица. Откопаните мошти во Бугарија се потврдило дека се стари 2.000 години. Примерокот од ДНК-та покажал сличност со модерната популација од Средниот Исток.

За жал, генетичарите што работеле на истражувањето рекле дека примерокот од ДНК-та всушност му одговара на личноста што ги откопала коските, што ќе рече дека се случила контаминација на примерокот.
Па така, им останала мала количина за обработка што не била доволна за да се открие сопственикот на коските.

Сепак, во неодамнешно истражување биле идентификувани ДНК „записи“ на неколку луѓе на Торинското платно, кое претставува парче облека за кое постои верување дека во него бил завиткан Исус откако бил симнат од крстот.

Иако ДНК анализите не можат да потврдат дека остатоците им припаѓаат на конкретни личности од далечната историја, сепак можат да обезбедат увид во односите меѓу тие луѓе и нивните модерни потомци.     
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука