„Алкалоид“ АД Скопје повторно ја доби довербата на јавноста и беше прогласен за најпосакуван работодавач за 2025 година четврти пат по ред, според анкетата на веб-порталот „Вработување.ком“.
Наградата, која беше врачена во рамките на манифестацијата организирана од „Вработување.ком“, се базира на национално истражување за перцепцијата и за искуствата поврзани со работодавачите во земјава.
Континуитетот на ова признание за нас има особено значење. Тој зборува за доследноста во начинот на кој ја градиме нашата работна култура – отворена, стабилна и ориентирана спрема луѓето. Во „Алкалоид“ веруваме дека силната организација започнува со здрави вредности, јасни професионални стандарди, високи етички норми и со заемна доверба затоа што успехот на компанијата произлегува од нејзините вработени.
Луѓето се суштината на сè што правиме. Нивната експертиза, мотивираноста и одговорноста се темелот врз кој се развива нашата компанија, па затоа грижата за нивниот професионален и личен напредок останува еден од нашите клучни стратешки приоритети.
Гледајќи напред продолжуваме со јасна визија да создаваме можности, да поттикнуваме иновации и да обезбедуваме работна средина во која знаењето и талентот се препознаваат и се вреднуваат. Нашата цел е „Алкалоид“ и натаму да остане прв избор за младите луѓе кои ја гледаат својата иднина во одговорна и успешна компанија.