X
 17.06.2025 Живот

Од септември во продажба „Т1“ - мобилен телефон произведен од „Организација Трамп“

Од конгломератот „Организација Трамп“, кој е во сопственост на американскиот претседател Доналд Трамп, најавија нови услуги и производство на паметен телефон, чии спецификации и цена се веќе познати.

Новата услуга ќе биде „Трамп мобајл“, која ќе вклучува претплата за мобилна телефонија со неограничени повици, пораки, интернет и помош за на пат.

Дополнително, продажбата на мобилниот телефон „Т1“, кој е со златна боја и со гравирано американско знаме, треба да започне во септември. Како што е најавено, станува збор за андроид-уред со екран од 6,8 инчи, предна камера од 16 мегапиксели, главна камера од 50 мегапиксели, 12 гигабајти РАМ меморија и 256 гигабајти внатрешна меморија. Ќе чини 499 долари.

 Си-ен-би-ес објави дека ова е најновиот пример како Трамп ја користи својата функција за да профитира. Најавените услуги за мобилна телефонија се нарекуваат „План 47“ бидејќи Трамп е 47. претседател на САД.

„Организација Трамп“ продава различни производи, а сега влегува и во телекомуникациите. Сепак, овие телекомуникациски услуги ќе бидат поскапи од некои услуги од овој тип во САД.

Извор: tportal.hr

Фото: trumpmobile.com

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот