X
 17.09.2018 Образование

#ЗнаешШто? Во Штип се зборуваше за работничките права и животниот стандард во Македонија како земја-членка на ЕУ

Третиот од серијата настани под името #ЗнаешШто се одржа минтиот четврток (13.09.2018) со почеток во 17:00 часот во Градска Библиотека „Гоце Делчев“ во Штип, а главна тема на дискусија беа работничките права и животниот стандард во Македонија како земја-членка на ЕУ. Модератор на настанот беше Назим Рашиди, а негови соговорници беа Кристина Ампева, долгогодишна активистка која се залага за унапредување на работничките права на текстилните работници во Штип и пошироко во регионот, и Игор Јадровски, претставник на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, правник кој работи на пружање бесплатна правна помош на оние лица на кои човековите или работничките права им се скратени.

Преку 70 гости беа присутни на настанот, кој започна со „мини-изложба“, каде како експонати стоеја различни податоци за државата во споредба со нашите соседи по нивното членство во Унијата.

Откако говорниците ги објаснија своите ставови за работничките права, ги образложија проблемите со кои се соочуваат работниците во државата, и објаснија како би се унапредил животниот стандард во Македонија како земја-членка на ЕУ, присутните имаа шанса да постават и дополнителни прашања на темата. Најмногу се дискутираше за постојните ЕУ директиви и регулативи кои се однесуваат на подобрувањето на работничките права, нудењето ефикасна и достапна правна заштита, засилената улога на синдикатите во ЕУ, како и други механизми кои би ги подобриле условите за работа во текстилната и сродните индустрии.



Овој настан е дел од проектот #ЗнаешШто кој го води Демокраси Лаб на национално ниво со цел едукација на граѓаните за дел од темите кои ги засегаат нивните заедници и можностите кои ги нуди Европската Унија на своите земји-членки при соочувањето и наоѓањето решение на слични предизвици.

Сефер Селими, основачот на Демокраси Лаб како платформа за градење и зајакнување на демократските вредности особено кај младите лица и граѓанскиот сектор, потенцира дека сите заинтересирани се добредојдени да присуствуваат на настаните за да дознаат повеќе и да се информираат на оние теми кои ги засегаат. подетални информации во однос на време, локација и тема на дискусија на наредните дијалози можат да најдат на Фејсбук страната на Демокраси Лаб.

#ЗнаешШто Тетово? ќе се одржи во Центарот за култура на 17.09.2018, со почеток во 17:00 часот. Во Тетово ќе се зборува за претприемништво и бизнис можности во Македонија како земја-членка на ЕУ. Овој настан се организира заедно со „Social Cultural Club Tetovo“ и Демокраси Лаб ги поканува сите кои се заинтересирани да слушнат повеќе на темата да дојдат на настанот.

По Тетово, следуваат #ЗнаешШто дијалози и во Кавадарци, Куманово и Битола. Сите #ЗнаешШто дијалози можат да се следат и преку пренос во живо на Фејсбук страната на Демокраси Лаб.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование