Во последните неколку години формирана е обемна база на податоци која содржи голем број линкови до медицински и клинички студии за влијанието на мачата врз здравјето на луѓето.
Има ли мачата потенцијал во терапијата за рак?
Причината за нејзиното креирање беше едноставна - ваква обединета база, колку што е познато, претходно не постоеше. Идејата беше да се понуди корисен ресурс како за корисниците така и за пошироката заедница заинтересирана за мача и здрав начин на живот. Базата содржи повеќе од 1.200 трудови и претставува значаен извор на информации за сите што сакаат подлабоко да ја истражат оваа тема.
Еден од најзначајните додатоци во оваа база дојде од медицинското списание „Ејџинг“ и укажа на потенцијално многу значајно откритие: мачата може да има голем терапевтски потенцијал кај пациенти со рак, дејствувајќи преку метаболичко репрограмирање на матичните клетки на ракот.
Професорот по медицина Мајкл Лисанти од Универзитетот „Салфорд“ во Велика Британија, истакна:
- Мачата е природен производ кој се користи како додаток во исхраната и има голем потенцијал за различни терапевтски примени. Меѓутоа, молекуларните механизми што стојат зад тоа досега не беа целосно разјаснети. Со користење метаболички фенотип откривме дека овој чај го потиснува оксидативниот митохондријален метаболизам. Со други зборови, ги спречува клетките повторно да се снабдуваат со енергија, поради што тие стануваат неактивни и изумираат.
Како мачата влијае врз клетките на ракот?
Според резултатите од студијата, мачата може да го потиснува оксидативниот метаболизам во митохондриите. Тоа значи дека матичните клетки на ракот остануваат без клучниот извор на енергија на ниво на митохондриите, структури во клетките задолжени за производство на енергија. Последицата е што овие клетки не само што престануваат да се размножуваат, туку можат и да изумрат. Ваквото откритие може да биде од големо значење за разбирање на начинот на кој клетките на ракот се шират во организмот, односно како тој процес може да се запре.
Значење за идните терапии
Доколку овие резултати се потврдат во понатамошните лабораториски и клинички истражувања, тоа може да ги отвори вратите за развој на нови терапевтски пристапи во лекувањето на ракот. Постојните методи, како радиотерапијата и хемотерапијата, често се поврзани со сериозни несакани ефекти. Поради тоа, развојот на нови, нетоксични терапевтски опции би можел да претставува значаен напредок и причина за оптимизам кај пациентите и докторите. Иако резултатите од оваа студија се охрабрувачки, неопходно е да се нагласи дека тие не претставуваат медицински совет. Потребни се понатамошни истражувања за да се потврди ефикасноста и безбедноста на примената на мача во терапијата на ракот.
Зошто не е добро да пиеме повеќе од две шолји дневно?
Експертите препорачуваат консумација на една до две шолји мача дневно. Тоа е оптимална количина која може да ги обезбеди сите здравствени придобивки од мачата, без ризик од несакани ефекти.
Прекумерното консумирање на чајот од мача може да резултира со прекумерен внес на кофеин, а тоа може да предизвика несакани ефекти како несоница, раздразливост, нервоза и друго. Значи, добра идеја е да се замени кафето со мача, но без претерување во консумацијата!
Фото: freepik