X
 06.05.2026 Живот

Писмото што му го испрати Тито на Сталин го промени светот: „Престани да праќаш убијци“

Писмото што доживотниот претседател и маршал на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Јосип Броз Тито, му го испратил на советскиот лидер Јосиф Сталин ќе остане запаметено во историјата. Со него Тито одлучил не само да се одбрани, туку и да му упати закана на моќниот Сталин.

- Престани да праќаш луѓе да ме убијат, веќе фативме петмина, меѓу кои еден со бомба и еден со пушка. Ако не престанеш да праќаш убијци, јас ќе испратам еден многу брз во Москва и сигурно нема да треба да испраќам втор - му напишал Тито на Сталин.

Меѓу Тито и Сталин дошло до раздор во мај 1948 година. Следувала Резолуцијата на Информбирото и повеќегодишен политички и економски притисок од тогашниот советски блок врз Југославија. Во тој период Тито покажал голема храброст и решителност. Не дозволувал да биде вовлечен во идеолошки судири и инсистирал на државна самостојност како основен принцип во односите меѓу суверени држави.

Долго време се верувало дека писмото што го испратил Тито е мит и дека не постои, но британскиот историчар Сајмон Себаг Монтефиоре успеал да го пронајде и да го објави во книгата „Писма што го промениле светот“.

Авторот навел дека тоа е едно од неговите омилени писма.

- Монтефиоре во едно интервју изјави дека го пронашол документот во личниот сеф на Сталин и дури многу години подоцна тоа било предадено во државните архиви. Тито и Сталин имале многу специфичен однос. Сталин секогаш велел дека Тито е негов најдобар ученик, а Тито бил единствениот што ги преживеал комунистичките чистки од 1936 и 1937 година во Москва. Веројатно никогаш нема да ја дознаеме целосната вистина, но приказната е интересна, провокативна и речиси филмски привлечна - изјавил Ненад Дропулиќ, преведувач на делата на Монтефиоре на српски јазик.

Извор: Mondo.rs
Фото: Wikipedia

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот