X
 17.10.2018 Економија

Половина од светската популација живее со помалку од 5,50 долари дневно

И покрај напредокот во намалувањето на екстремната сиромаштија, речиси половина од светската популација живее со помалку од 5,50 долари дневно. Тенденцијата на пораст на сиромашните продолжува во богатите светски економии, објави Светската банка.

Во својот полугодишен извештај, Банката објави широка анализа за сиромаштијата со цел да покаже заостанување на некои држави, иако делот од нив, кои живеат во екстремна сиромаштија, заработувајќи помалку од 1,90 долар, се намалува во последните години.

Врз основа на проширени критериуми за сиромаштија, во извештајот е констатирано дека бројот на сиромашни луѓе во светот е „неприфатливо висок“, додека плодовите од економскиот раст  „нерамномерно се распределуваат“.

Иако глобалниот економски раст во последниве години забави, вкупниот број на луѓе што живеат во сиромаштија се намали за повеќе од 68 милиони во периодот од 2013 до 2015 година, што е бројка еднаква на бројот на жители во Обединетото Кралство или Тајланд.

И покрај подобрувањата, во извештајот се наведува дека актуелните трендови покажуваат дека целта на Светската банка за намалување на глобалната сиромаштија на помалку од 3 проценти од светската популација може да биде недостижна.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија