X
 13.10.2015 Живот

Амбициозниот план на Кина

кинези 

 

Кина се надева дека ќе ги подобри животните услови за своите 70 милиони граѓани кои живеат под границата на сиромаштијата во следните шест години, изјави официјален претставник на владата.


И покрај брзиот економски раст во текот на последните две децении, сиромаштијата се`уште е голем проблем во Кина, особено во руралните средини.

„Имаме шест години да ја искорениме сиромаштијата“, изјави Хонг Тианун, заменик шеф на државниот завод за намалување на сиромаштијата и развој. Станува збор за амбициозен план со кој се предвидува дека следните шест години месечно околу милион луѓе ќе се „искачат“ над линијата на сиромаштијата.

Околу 70 милиони луѓе, претежно во руралните области, живеат под линијата на сиромаштија во Кина. Тие годишно заработуваат помалку од 2.300 јуани (362 долари).
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот