Иако Европа е еден од најбогатите региони во светот, стандардот на живеење и понатаму значително варира меѓу земјите. Мапата ја прикажува стапката на сиромаштија во 2024 година, односно процентот на лица изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост во секоја земја. Податоците се од „Евростат“.
Како се мери ризикот од сиромаштија?
Лицата се сметаат за изложени ако исполнуваат барем еден од следниве критериуми:
- Приход под 60 отсто од средна вредност на приходот во државата;
- Материјална недостапност: неможност да се обезбедат 7 од 13 основни потреби (на пример, неочекувани трошоци, греење во домот, интернет и слично);
- Ниска работна ангажираност.
Грција (26,9 отсто) и Шпанија (25,8 отсто) се издвојуваат на југот, каде што стапките на невработеност по кризата со државниот долг во периодот 2008-2014 пораснаа и никогаш целосно не закрепнаа.
Литванија (25,8 отсто) и Латвија (24,3 отсто) предводат во Балтичкиот Регион, истакнувајќи ја постојаната разлика меѓу градските и руралните области.
Домаќинствата во руралните области заработуваат приближно 20 отсто помалку од оние во градовите, што ја зголемува нивната ранливост на социјална исклученост.
Северна и Централна Европа покажуваат најнизок ризик од сиромаштија
Чешка има најниска стапка од 11,3 отсто, а потоа следуваат Словенија (14,4 отсто) и Холандија (15,4 отсто). Овие земји комбинираат повисоки просечни плати со обемни социјални програми кои ги ублажуваат ударите врз приходите.
Скандинавските земји се приближуваат до просекот на ЕУ: Финска (16,8 отсто), Шведска (17,5 отсто) и Данска (18 отсто).
Германија (21,1 отсто) е малку над просекот на ЕУ (21 отсто), што ја покажува разликата меѓу индустриските југозападни региони и пониско платените источни покраини. Ова е одраз на поделбите кои сè уште влијаат врз животниот стандард.
Извор:
Visual Capitalist
Фото: Visual Capitalist