X
 17.10.2022 Живот

Оаза онаму каде што не се надевате - хотел со 10 соби на остров долг 250 метри

Островот Хамнескар е едно од најветровитите места во Шведска. Се наоѓа на архипелаг кој е оддалечен околу пет километри од шведскиот западен брег и првиот град Марстранд.

Поради ограничениот простор, изложеноста на ветер, но и недостигот на плодна почва, Хамнескар долго време се сметал за несоодветен за живот.

Но, кога бил изграден монументалниот светилник „Патер ностер“ во 1868 година за да им помогне на морнарите во навигацијата низ разбрануваното море, на него почнала да се развива мала заедница.


Чуварите на светилникот и нивните семејства изградиле куќи и живееле онака како што им диктирало морето. Кога брановите биле превисоки за бродовите да стигнат до копното и да добијат храна, жителите преживувале јадејќи што ќе најдат - најчесто ракови и фоки.


Светилникот бил затворен во 1977 година и бил целосно напуштен. Или барем така беше до летото 2020 година, кога група локални ентузијасти го изнајмија островот, го реновираа светилникот и расположливите сместувачки единици и отворија интересен хотел.


Шармантниот хотел „Патер ностер“ има само 10 соби со прекрасен поглед на морето и е идеално место за сите што сакаат да се изолираат и да уживаат во мир и тишина. Во хотелот има и импровизиран ресторан кој служи шведски специјалитети од свежа риба и морска храна.

До островот може да се стигне со брод, а достапен е и превоз со хеликоптер.

Извор: b92.net
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот