X
 03.08.2022 Живот

Се бара лице што ќе биде платено да престојува во ретро-мотели покрај плажа

Веб-платформата „Хотелс“ сака да вработи лице кое ќе престојува во повеќе ретро-мотели на плажа низ САД и ќе ужива во погледот на море од разни соби дизајнирани во стил на 1950-те.

Одбраното лице ќе престојува во 10 вакви ретро-мотели во Калифорнија, Флорида и други сојузни американски држави.

Вработениот ќе добие неколку подароци за искуството да му биде подобро, како радио, очила за сонце и чадори за сонце. Среќникот ќе треба да ги документира искуствата со полароиден фотоапарат.

Тој ќе добие 10.000 долари за да ги покрие трошоците за патување, како и дополнителни 5.000 долари за храна.

Пријавувањето се прави на веб-страницата „Хотелс“ до 5 август.

Извор: CNN
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот