X
 17.11.2018 Живот

Пожарите го уништиле целото соседство, а куќата на легендарниот актер останала недопрена

Катастрофалните пожари кои ја зафатика Калифорнија ги уништија домовите на многу холивудски ѕвезди, меѓу кои и Мајли Сајрус, Џерард Батлер, Нил Јанг и пејачот Робин Тик.

Но, најголема среќа во сета несреќа имаше легендарниот велшки глумец Ентони Хопкинс. Имено, неговата вила во Малибу, за чудо, остана недопрена.

Фото: Jutarnji

Додека куќата на неговиот прв сосед е целосно изгорена, снимките направени од воздух покажуваат дека имотот на Хопкинс на плажата останал недопрен. На снимката дури и јасно можат да се видат две лежалки во градината, кои исто така го „преживеале“ пеколот.

Фото: Jutarnji

И луксузната куќа на Пирс Броснан исто така ги преживеала апокалиптичните пожари. Актерот во вторникот се вратил дома, а катастрофата која се случи во Малибу ја опишал како најлошата која ја доживеал во изминатите 35 години, колку што тој живее таму.

-Животите на многу фамилии, наши пријатели и соседи се претворија во пепел, а многумина и ден-денес се борат да ги заштитат своите домови - истакна омилениот Џејмс Бонд, кој веднаш се вклучи во бројните хуманитарни акции за да им помогне на оние кои имаат потреба од помош.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот