X
 10.10.2025 Живот

Ентони Хопкинс за животот: „Сфатив дека не сум Атлас, светот не лежи на моите рамена“

Годините носат мудрост, а мудроста носи мир. Познатиот холивудски актер Ентони Хопкинс на многу едноставен начин, во неколку кратки реченици, го опишува животот и што е навистина важно, што со текот на времето се покажува како правилно и што учиме во текот на животот.

Тој зборува за различни ситуации во животот, како гледал на работите, како размислувал и што научил.

„Ги сакав моите родители, браќа и сестри, сопругата, децата и пријателите, сега почнав да се сакам и себеси“.

„Сфатив дека не сум Атлас. Светот не лежи на моите рамена“.

„Престанав да се пазарам со продавачите на овошје и зеленчук. За неколку центи нема да банкротирам, но тоа може да му помогне на некој сиромав да заштеди и да го плати образованието на својата ќерка“.

„Ѝ оставам бакшиш за келнерката. Дополнителните пари може да ѝ предизвикаат насмевка на лицето. Таа многу потешко заработува за живот отколку јас“.

„Престанав да им кажувам на постарите луѓе дека премногу пати ја раскажале истата приказна. Историјата ги тера да чекорат по патеката на сеќавањата и повторно да го доживуваат своето минато“.

„Научив да не ги поправам луѓето, дури и кога знам дека не се во право. Товарот сè да биде совршено не е на мене. Светот е повреден од совршенството“.

„Давам комплименти слободно и великодушно. Комплиментите го разведруваат не само тој што ги прима, туку и мене. И мал совет за тие што примаат комплимент: никогаш, НИКОГАШ не одбивајте го, само кажете: „Благодарам“.

„Научив да ги игнорирам наборите или дамките на кошулата. Личноста зборува повеќе од изгледот“.

„Ги оставам луѓето што не ме ценат. Можеби тие не ја знаат мојата вредност, но јас ја знам“.

„Учам да не се срамам од своите емоции. Моите емоции ме прават човек“.

„Научив дека е подобро да го отфрлам своето его отколку да ја прекинам врската. Моето его ќе ме држи надвор од сè, додека во врска никогаш нема да бидам сам“.

„Научив да живеам како секој ден да ми е последен. На крајот на краиштата, еден навистина ќе биде“.

„Го правам она што ме прави среќен. Јас сум одговорен за мојата среќа“.

Извор: Detinjarije.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот