X
 17.11.2019 Живот

Откриени двор и стаклена градина на Хитлер во близина на неговиот бункер

Остатоци од двор и стаклена градина кои лидерот на германските нацисти - Адолф Хитлер ги користел за одгледување овошје и зеленчук биле откриени во некогашниот главен штаб на германскиот Источен фронт.

Локалните историчари што го испитувале озлогласениот бункер „Волчјо дувло“ ги откриле оригиналните темели на градинарската куќа, две оранжерии и подземна котларница што снабдувала вода и топол воздух за вработените да можат да одгледуваат свежи градинарски производи во текот на целата година.

Oпишувајќи го откритието како „баналност на злото“, историчарот Јацек Адамски од Воениот музеј во Мазурија изјави дека локацијата е оддалечена половина километар од местото каде што Хитлер имал свој личен бункер.

1

- Знаевме дека тука некаде постојат остатоци од градини што служеле за бункерот „Волчјо дувло“. Како вегетаријанец и непушач, Хитлер имал такви градини во секое седиште, па пред три години донесовме одлука да почнеме да бараме, анализирајќи фотографии и архива, како и низ разговори со локални луѓе кои би можеле да се сетат дека ги виделе веднаш по војната - изјави Адамски.

Во градината била присилно вработена жена која морала да ја тестира храната за Хитлер за да се утврди дека не е отровна. Неговата дневна рутина за јадење вклучувала појадок подоцна или две јаболка, бисквити и чај и оброци што вклучувале вегетаријански супи, чорба од морков и компир и пржени јајца.

2
Модел од објектот

- Неговите оброци беа највкусни свежи работи, од аспарагус до пиперки и грашок, служени со ориз и салати - изјави Маргот Волк, која ја тестирала храната на Хитлер за да се утврди дека не е отровна.

Историчарите откриле и керамика од Втората светска војна и порцелан.

4

Скриен од шумата и мочуриштата, Источниот фронт на Хитлер бил изграден во 1940 година кога нацистичка Германија се подготвувала да го нападне Советскиот Сојуз.

Освен оранжериите за овошје и зеленчук, нацистичките градители изградиле и берберница, казино, кино и куќа за чај. Градбите биле уништени на 20 јули 1944 година кога Клаус вон Стауфенберг поставил бомба. Хитлер преживеал и неговиот озлогласен Гестапо брзо се справил со заговорниците.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот