X
 17.11.2021 Живот

Кои се најгледаните јутјуб-канали на македонски јазик во Македонија

Светот на Биби, каналот на Џипи и на Канал 5 се најгледаните јутјуб-канали на македонски јазик во земјава во последните 30 дена, покажуваат податоците на „Соушал блејд“.

Анализата на податоците за бројот на прегледи во последниот месец покажува дека Светот на Биби е на првото место со 2,1 милиона, на второто е Џипи со 1,6 милион и на третото Канал 5 ТВ со 1,4 милион.

Потоа следуваат Солзи и смеа со 1,1 милион, ТВ 21 со 1,1 милион, Сител ТВ со 920 илјади, Струмица денес со 895 илјади, Мои домашни рецепти со 876 илјади, Миле Паника со 833 илјади и Васко Ефтов со 733 илјади прегледи во последните 30 дена.



Извор: Social Blade

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот