X
 17.12.2017 Култура

Неколку интересни факти за книжевноста

* Својата „Лолита“, Владимир Набоков ја напишал на ливчиња, за време на патувањето низ Америка, при кое истовремено собирал пеперутки.

* „Педесет нијанси сиво“ е најпродаваната книга во Велика Британија кога било досега.

* Пред да ја напише „Кодот на Да Винчи“, Ден Браун бил поп-пејач и текстописец.

* Првото издание на „Моби Дик“ е отпечатено без епилогот, со оглед на тоа што машината за печатење се расипала.

* Александар Дима вработил тројца „автори во сенка“ за да му помогнат околу пишувањето на „Тројцата мускетари“.

* Франц Кафка го замолил својот пријател Макс Брод да ги запали сите негови дела. „Процес“, „Замок“ и „Америка“ се испечатени против неговата волја.

* „Алиса во Земјата на чудата“ своевремено била забранета во Кина, бидејќи ликовите животни зборувале!

* Ноа Вебстер, првиот издавач на реномираниот речник „Вебстер“, на првото издание на речникот, кое било објавено во 1825 година, работел цели 25 години.

* Секунди недостигале „Големиот Гетсби“ да биде реименуван во „Под црвеното, белото и синото“.

* Шерлок Холмс е најчесто прикажуван лик на филм и на телевизија, на сите времиња.

* „Авантурите на Том Соер“ е првата книга напишана на машина за пишување.

* Во „Гуливеровите патувања“ се опишани сателитите на планетата Марс. И тоа приближно еден век пред нивното постоење да биде потврдено од астрономите.

* Чарлс Дикенс „Божиќна приказна“ ја напишал за само шест седмици.

* „Гордост и предрасуда“ оригинално била наречена „Први импресии“.

* „Робинзон Крусо“ е првата англиска новела кога било напишана.

* Шекспир е автор на мноштво зборови во англискиот вокабулар. Овие се некои што самиот ги измислил – трач, рекламирање, шампион, зависност.

* Џокерот е негативец кој требало да биде убиен уште во првото издание на стрипот „Бетмен“.

* Габриел Гарсија Маркес никогаш не дозволил „Сто години самотија“ да добие филмска верзија.

* Првата Библија пишувана рачно (по откривањето на печатарската машина), чинела осум милиони долари, а изработката траела цели 12 години.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура