X
 27.01.2016 Култура

Зошто и како да прочитате 50 книги годинава?

Доколку сакате да напредувате во бизнисот, седнете и прочитајте книга. Ворен Бафет, еден од најбогатите луѓе во светот, поминува 80% од своето време во денот читајќи. Бил Гејтс чита еден час секоја вечер пред спиење. Марк Кубан тврди дека не би станал успешен доколку не читал.


Бизнисот се сведува на личните интеракции, а новите идеи предизвикуваат и го прошируваат хоризонтот пред секого. „Водењето бара раскажување на приказна, а приказната треба да биде визијата на компанијата“, вели Аџит Синг од „Artiman ventures“.

Што да читате?

Доколку не знаете како да започнете со читање, барајте препораки од пријатели или ментори. Гејтс ги споделува своите омилени книги на блогот секоја година. Бафет ги споделува своите омилени дела во годишно писмо. Изминатата година, Марк Закерберг постави дел за читање книга на секои две недели и отвори страница на „Facebook“ за тоа.

Како да успеете?

Наоѓањето време за читање треба да биде приоритет. Сем Томас Дејвис, автор, чита барем една книга неделно и вели дека секој може да направи навика од читањето.

„Пронајдете мотивација за читање и задржете ја. Јас читам 30 минути секое утро“, вели тој.

Читањето за време на патувањето кон работа е уште еден начин на кој луѓето наоѓаат време за читање. Синг чита за време на летовите.

„За време на најголемиот метеж, не возам. Земам такси и читам позади“, вели тој.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура