X
 17.12.2019 Наука

Русија работи на сопствен план за уништување опасни астероиди

Руската вселенска агенција „Роскосмос“ создава центар посветен на следење на метеорите, кометите и астероидите за да се осигури дека нема да се судрат со Земјата, дури и ако тоа значи нивно уништување во вселената.

- Како дел од создавањето систем за следење и поддршка за информирање за безбедноста на активностите во вселената во близина на Земјата, ние планираме да го лансираме Рускиот центар за мали небесни тела, чија главна задача ќе биде детектирање и следење на небесни тела кои се приближуваат до Земјата - истакна Игор Бакарас од ЦНИИмаш (Централниот истражувачки институт за создавање машини).

Одредени медиуми пренесоа дека одобрение за центарот се очекува кон средината на идната година.

Русија, исто така, неодамна најави планови за изградба на телескопи на Месечината кои ќе ѝ помогнат во следењето на потенцијално опасните вселенски карпи, па изгледа дека новиот центар ќе игра улога во реализирањето на тоа.

Пред Русите да можат да уништуваат опасни астероиди, тие ќе треба да спроведат многу истражувања. За да му се стави крај на тоа, Бакарас истакна дека руските научници моментално испитуваат повеќе начини за уништување или пренасочување на вселенски карпи кои одат кон Земјата, вклучувајќи ја тука и употребата на сателити, ракетни мотори и соларни едра.

- Сега работата во овие области претежно е ограничена на теоретско истражување и математичко моделирање на различни контрамерки - истакна Бакарас.

Тоа истражување може да биде клучот за спасување на планетата ако астероидот оди кон Земјата.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука