X
 17.12.2021 Живот

Невакцинирани 98% од хоспитализираните со ковид-19

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани од позитивни случаи на ковид-19 во период од 6 август до 16 декември. 64.963 граѓани се позитивни на ковид-19, од нив 32% биле целосно вакцинирани, односно 20.894 лица.

Според статистика за изминативе недели, 44.069, граѓани, односно 67% од позитивните на ковид-19 не биле вакцинирани.
Процентот на хоспитализирани лица што се невакцинирани изнесува 98%, додека само 2% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во истиот период починале 2.272 лица, 1.790 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 21% примиле вакцина.
Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.

Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини што ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на „Модерна и „Џонсон и Џонсон“.
Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат.

Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот