X
 30.04.2018 Култура

Како нацистичката пропаганда ја натерала Германија да „сонува“?

Германскиот докуменарец „Hitler's Hollywood“ од авторот Рудигер Зусхланд го следи периодот од 1933 до 1945 година во кој биле создадени повеќе од 1.000 пропагандистичките филмови по наредба на нацистичкиот министер за пропаганда, Гобелс. Френк Шек е еден од критичарите кој документарецот го погледнал пред неговата премиерата во Њујорк.

Тој вели дека станува збор за документарец што има преверзно влијание на гледачите, што ги тера да погледнат повеќе и повеќе такви контроверзни филмови.

Со оглед на историскиот и социолошкиот контекст на овие филмови, Шек сметра дека овие филмови треба да ги гледаат историчарите и оние кои се занимаваат со кинематографијата. Во документарецот се прикажани груби антисемитски филмови како „Jew Suss“ и „The Rothschilds“, приказна за потонувањето на Титаник, што ја обвинува еврејската алчност како причина за потонување на бродот.

Минатата година премиерно бил прикажан во Германија, а критичарите тогаш објаснија дека меѓу споменатите филмови се наоѓаат и 22 филма чие прикажува и понатаму е забрането. Филмовите можат да се гледаат само со асистент што на гледачот ќе му го објасне симболичкото значење на прикажаната пропаганда.

„Овој филм покажува еден дел од историајта и служи како потсетник на моќта и влијанието што уметноста има во пропагандата. Додека студентите учат за нацизмот и се прашуваат како е тоа можно, нивните професори треба да им дадат одговори со помош на овој документарец“, вели критичарот Симоне Сонек.



Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура