X
 06.01.2018 Живот

Оглас за дадилка што го исмејува целиот интернет

Еден оглас за дадилка, објавен на огласна табла во Сиднеј, Австралија, го привлекол вниманието на јавноста поради целиот список на задачи и несоодветен хонорар.

фото извор: parenting.com

„Ние сме семејство од Балмејн и бараме дадилка за децата по училиштето (25 американски долари за час) со почеток во 2018 година“, стои во огласот. Се наведува дека термините за грижа за децата се од 14.15 до 18.15 часот, понеделник, вторник, среда и четврток, а дека децата се стари 8 и 4 години.

Од идната дадилка се очекува да ги земе децата од училиште и од градинка, па да има сопствен автомобил и возачка дозвола. Освен добар карактер, таа да биде одлична во зборувањето англиски јазик, бидејќи се очекува да му помага на постарото дете во правописот и со домашната задача.

„Другите должности вклучуваат подготовка на вечера за децата, како и ужина за на училиште, шетање на кучето, како и помали домашни обврски, на пр. редење на облеката“, стои во огласот.

Истакнуваат дека би им одговарал студент или некој што има неколку слободни часови, а тоа лице треба да ги има сите сертификати за чување деца и давање на прва помош.

Огласот е хит на друштвените мрежи, а првиот коментар на самиот оглас напишан со пенкало гласи: „Не мислите дека барате многу за 25 долари на час, зар не?“
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот