X
 19.02.2018 Живот

Скарани со учењето: лидери без дипломи

„Бев будала и не бев баш добар ученик“, вака се опишува себеси еден од најголемите политичари и демократи во Европа, Мартин Шулц, за периодот кога бил исфрлен од католичка гимназија бидејќи двапати го повторувал 11-тото одделение, па не му било дозволено да полага матура. Во продолжение прочитајте кои лидери немаат завршено високо образование и не биле добри и солидни ученици.



 
Бил Гејтс

Основачот на „Мајкрософт“, иако е еден од најбогатите луѓе на светот, не завршил факултет. Студирал на „Харвард“, но студиите ги напуштил кога почнал да се занимава со бизнис.
 
Амансио Ортега

 Шефот на модната индустрија „Зара“ и компанијата „Индитекс“ нема високо образование. Сепак, многу училишта за бизнис низ светот го присвоиле неговиот модел за бизнис. 


Ингвар Кампрад

Сопственикот на шведскиот гигант „Икеа“, кој неодамна почина, немал високо образование, но уште како дете се сетил да купи многу кибрити и да ги продава поединечно за да остварува профит. Мултинационалната корпорација ја започнал со парите што татко му му ги давал како џепарлак додека бил во средно училиште.
 
Ричард Бренсон

Училиштето го напуштил кога имал 16 години, па го основал магазинот „Студент“. Подоцна  ја основа издавачката компанија „Вирџин рекордс“, отвора студио и продавница. Денес поседува 200 компании во 30 земји, мобилна компанија, приватен остров на Карибите и уште многу друго.

Хари Труман

Последниот американски претседател е без факултетска диплома. Кратко одел на бизнис-колеџ, како и на ноќно училиште за право. Демократот Пол Сајмон во 1988 година бил кандидат за претседател иако не завршил колеџ.
 
Скот Вокер

Гувернерот на Висконсин е еден од најпознатите американски политичари без колеџ. Помалку од 20 члена на Претставничкиот дом на САД немаат диплома.
 
Џон Мејџор

Некогашниот британски премиер едвај го завршил средното образование, и тоа вонредно. Никогаш не студирал. И Винстон Черчил немал завршено факултет.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот