X
 02.02.2016 Образование

Учителка патува 40 километри за само двајца ученици

Во Босна и Херцеговина, сè почести се училиштата во кои учениците се бројат на прсти отколку оние кадешто се слуша џагор. Училиштето во Очевија е еден пример. Во ова училиште има само двајца ученици - седумгодишниот Анте и деветгодишниот Аларис.


Со мала табла и печка на дрва, Анто и Аларис ги поминуваат училишните денови. Нивната наставничка Алмаса секој ден поминува 40 километри за да ги подучува. Никогаш не доцни, и покрај временските услови, вели таа.

„Доаѓаме на време, наставата започнува на време. Немаше ниту еден ден да не може да се дојде, а дали со автомобил, дали пеш, доаѓаме и работиме. И на децата им е тешко. Алариз има половина час одење до училиштето“, вели Алмаса Смаилхоџиќ, наставничката.

Работата со двајца ученици има свои предности, но и недостатоци, вели таа. Им се посветува максимално и резултатите не заостануваат. Но, на децата им недостасуваат деца. Овие двајца ученици се единствените деца во селото. Освен што делат клупа, тие се најдобри пријатели.

„Воглавно се дружиме, бидејќи кога јас завршувам порано, а тој има уште нешто да направи, тогаш го чекам и одиме заедно дома пеш. Би сакал да имам повее другари и другарки“, вели Анто.

„Кога е голем одмор играме и јадеме и кога учиме ако завршам прв некогаш му помагам, ако наставничката каже така“, вели Аларис.

На наставничката Алмаса работата во вакви услови не ѝ е нешто ново. Претходно подучувала само едно дете. Освен тоа, таа првпат предава по хрватски план. Но, вели дека се снаоѓа.

„Обично комбинирам, ако Аларис има математика, Анто има час по ликовно, значи полесен и потежок час за да може да се посветам на двајцата“, додава таа.

Необично училиште, но може да послужи како пример. Кога постои волја, ништо не е невозможно.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование