X
 02.04.2018 Технологија

Ова се најдобрите игри за Андроид-телевизори

Андроид-телевизорот може да ви послужи за многу нешта, а едно од нив е и играњето игри. Еве неколку врвни игри што на телевизорот изгледаат сјајно.


Sonic The Hedgehog 2

Едно од најдобрите изданија на класичната аркадна игра со суперсоничниот еж во главната улога веќе некое време е достапно за Андроид. Прекрасниот ретро-изглед, динамичната акција и недопрениот дизајн се одлики на овој севременски класик кој без проблем можете да го играте на вашиот Андроид-телевизор.



Asphalt 8: Airborne


Барате поагресивна верзија на познатата Need for Speed? Добро уиграниот тим на Gameloft успеа да ги собере квалитетните елементи на познатиот серијал и да го прекрои во игра за мобилни уреди. Колку добро им оди? Го гледате осмото продолжение на играта, па претпоставуваме дека можете да заклучите и сами. Asphalt 8 е една од поубавите игри за Андроид и токму поради тоа изгледа прекрасно и на голем екран.



Grand Theft Auto: Liberty City Stories


Причината поради која препорачуваме да почнете да ја играте оваа игра пред сите други е нејзината приспособливост на мобилните уреди. Мисиите се многу пократки од оние во San Andreas, што е супер за кратки гејмерски сеанси. Ако имате сила и волја да играте чистокрвна ГТА, топло ви препорачуваме да ја погледнете и San Andreas.



The Witness

Ако обожавате сложувалки, дефинитивно мора да ја играте оваа игра. Станува збор за прекрасна апстрактна сложувалка на познатиот дизајнер Џонатан Боул, човекот кој е познат по играта Braid. Во The Witness патувате наоколу на еден ненаселен остров и сложувате голем број контекстуални сложувалки.



Ticket To Ride


Ова е адаптација на познатите стратешки игри што обично ги играме на маса. Целта е да се преземе контрола над меѓуградската железница во САД. Транзицијата од физичката верзија во дигитална им дозволила на девелоперите да додадат целосно нови мапи кои можете да ги купите како микротрансакции. Така, можете да играте во Европа, Индија, Азија, Германија и во Велика Британија.

Можете да играте сами или со повеќе луѓе. Според оние што ја развиваат играта, во моментов преку апликацијата се играат повеќе од 50 милиони партии Ticket To Ride, а нова игра се започнува на секои четири секунди.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија