X
 18.01.2023 Живот

Мемоарите на принцот Хари - најбрзо продавана книга во Велика Британија

Контроверзните мемоари на принцот Хари станаа најбрзо продаваната британска книга од 1998 година досега, поточно откако се водат записи за тоа, објави ДПА.

Книгата го собори претходниот рекорд од 210.506 продадени примероци поставен од првата книга за готвење од серијата „Pinch of Yum Yum“ од Кеј Алисон во 2019 година. Според интернет-страницата „Нелсен букдејта“, која собира и нуди податоци за дистрибуцијата и продажбата на книги, автобиографијата на Хари, „Spare“ ce продала во 467.183 примероци во првата седмица на пазарот.

Во книгата, принцот Хари, на пр., тврди дека неговиот брат, принцот Вилијам физички го нападнал и се исмејувал со неговите напади на паника и дека татко им, кралот Чарлс Трети, ги ставил своите интереси над оние на Хари и дека им бил „љубоморен“ на Меган и Кејт – сопругите на Хари и Вилијам.

„Spare“, која всушност ја напиша американскиот автор Џ. Р. Моурингер, е единствената нефикционална книга во првите 10 најбрзо продавани книги во Велика Британија. На врвот на овој список се четири книги за Хари Потер на Џ. К. Роулинг, а петта е „Изгубениот симбол“ од Ден Браун. „Spare“ е на шестото место.

Инаку, првата книга на листава – „Хари Потер и реликвиите на смртта“ - е апсолутен рекордер. Таа се продаде во 2,63 милиона примероци во првата недела од објавувањето во 2007 година.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот