X
 18.03.2022 Живот

„Казни го, удри го...“ – вака ме учеа да го воспитувам детето, сега е тинејџер и ме лаже, ништо не признава

Јас сум мајка на три деца, но имам проблем со мојот најголем син, кој има 13 години. Нашата приказна започна на мои 18 години и не бев свесна, ниту пак знаев на тие години како се воспитува, одгледува и едуцира едно мало човече. Тоа нѐ одбележа двајцата. Ако згрешеше нешто, ако направеше некоја беља, се разбира соодветна на негови години, публикава, да не именувам кој и како, ми велеа одма казни го, што чекаш, сега се учи, удри го да знае да не прави така, како ќе те слуша… Така, јас си го казнував детето. Во мојава околина тој беше прво дете и јас мислев дека така треба, сѐ додека не пристигнаа други дечиња, дали од другарка, комшивка или роднина и увидов дека моето дете не е ништо поразлично, дури тој беше најмирен од сите. Потоа видов дека грешам и почнав да се едуцирам, преку книги, интернет-страници и совети како треба да се постапи со дете.

Но, мислам дека детето на некој начин е со два карактера. Кога тргна во школо, јас веќе не бев старата, но тој сепак се плашеше и немаше доверба. И за успех и за неуспех не ми кажуваше, сѐ држеше во себе, на пример, тој уште во прво одделение научи сам да чита и пишува и тоа го криеше сѐ додека учителката не ми посочи дека е доста интелигентен.

Проблемот е сега, како тинејџер, што многу ме лаже. На училиште многу попушти. Со другарите е свој, но штом се приклучи возрасен, тој се менува, не е слободен или ако направи беља, нема шанса да каже и не признава. Не се спротивставува, не е бунтовен, но не е ниту искрен. Како да му помогнам да се ослободи од тој страв, да биде комплетно свој, да не се плаши и да не лаже.

Одговорот од психолог прочитајте го на Деца.мк

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот