X
 18.05.2023 Живот

Билет до Копенхаген за 600 денари: „Визер“ го прославува роденденот со попуст од 19%

Доколку сте љубител на патувањата, а воедно не сакате да потрошите многу, денеска е денот да си купите евтини билети за летово. Имено, по повод 19. роденден, билетите на „Визер“ денеска се продаваат со попуст од 19 проценти. Но, има еден услов.

- Промоцијата важи на 18 мај 2023 година, во периодот 00:00 - 23:59 часот CEST („Промотивен период“). Попустот до 19 % важи за цените на превоз, без административната такса. Попустот до 19 % важи за сите летови достапни на wizzair.com или апликацијата за мобилни уреди WIZZ во промотивниот период. Попустот важи само ако и член на WIZZ Discount Club е дел од резервацијата. Периодот за патување е неограничен. Цената важи само за резервации извршени на wizzair.com или преку апликацијата за мобилни уреди WIZZ. Промоцијата не важи за групни резервации - се наведува на страницата на „Визер“.

На пример, од Охрид до Виена можете да купите билет за околу 600 денари.


Исто така, за таа цена можете да си купите билет и од Скопје до Копенхаген.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот