X
 18.05.2025 Наука

Научниците ја открија точната возраст кога жената е најсреќна

Секој период од животот носи свои предизвици, но и свои радости. Сепак, според едно британско истражување, постои животна фаза кога жената се чувствува најисполнето, најсигурно и најсреќно.

Иако често се мисли дека најсреќните години се во раните дваесетти, научниците откриле поинаку. Истражувањето, спроведено од тим социолози по нарачка на една козметичка компанија за нега на коса, покажува дека жените се чувствуваат најсреќно помеѓу 28 и 33 години.

На таа возраст, жените уште се млади, полни со енергија, но веќе доволно зрели за да знаат што сакаат од животот. Самодовербата расте, се зголемува чувството на сигурност, а и односот кон сопственото тело станува попозитивен. Тоа е време кога зрелоста и младешкиот дух се среќаваат на вистинскиот начин.

Во истражувањето учествувале 4.000 жени на возраст од 25 до 65 години. Тие одговарале на прашања поврзани со 12 аспекти од животот, од кариера, финансии, партнерски и пријателски односи, до сопствениот изглед.

Еден од истражувачите објаснува дека 28. година е клучна затоа што тогаш жените најчесто се задоволни со својот изглед и имаат поголема самодоверба. Но и покрај интересните резултати, експертите потсетуваат дека среќата не треба да се врзува за одредени години туку таа е состојба на духот што може да се доживее во секој момент од животот.

Таа е во нас, во секоја животна доба, само треба да ја разбудиме и да станеме свесни дека, и покрај изгледот, годините, материјалниот или емотивниот статус, секогаш ја заслужуваме среќата, тука и сега.

Извор: Avaz.ba
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука