X
 18.07.2025 Живот

Швајцарија повторно е најиновативната земја во Европа, покажува истражување на ЕУ

Според најновиот извештај на Европската комисија, Швајцарија осма година по ред се наоѓа на врвот на Иновацискиот индекс на Европа. Иако оваа година резултатот ѝ е малку понизок во споредба со 2024 година, тоа не беше доволно за да го загуби првото место.

Извештајот за 2025 година ги споредува иновациските перформанси на 27 земји членки на ЕУ и уште 12 европски земји, вклучително и Швајцарија.

Во првите пет на листата, по Швајцарија се наоѓаат Шведска, Данска, Холандија и Обединетото Кралство. Надвор од Европа, најиновативна земја е Јужна Кореја.

Иновацискиот индекс анализира вкупно 32 индикатори, кои опфаќаат различни аспекти од иновациската способност, од образовен систем и истражувачка инфраструктура до пристап до интернет и пријави за индустриски дизајн.

Во споредба со лани, Швајцарија има пад во резултатот поради намалениот број на апликации за дизајн, но позитивен напредок е забележан во пристапот до брз интернет и други области.

Исто така, извештајот истакнува дека Швајцарија го има најатрактивниот истражувачки систем во Европа, што дополнително ја зацврстува нејзината лидерска позиција на континентот.

Извор: Swissinfo.ch
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот