X
 18.08.2020 Политика

Дали Путин ќе го спасува Лукашенко?

Режимот на рускиот претседател Владимир Путин со години ѝ фрла око на Белорусија, поранешна советска република со 9 милиони жители што се наоѓа меѓу Русија, Полска и Украина, пишува „Форбс“.

Сега, според американскиот медиум, Путин може да има изговор да ја анектира земјата благодарение на паднатиот авторитарен претседател.

По една недела откако победи на изборите што опозицијата, набљудувачите и голем дел од белоруското население ги осуди како лажирани, Александар Лукашенко, лидерот на Белорусија уште од распадот на Советскиот Сојуз, ја покани Русија да интервенира за да го сочува својот режим.

Но, не е јасно што планира да направи Путин.

По изборите, кандидатот на опозицијата, Светлана Тикановска, побегна во Литванија заради сопствена безбедност, а милион Белоруси излегоа на улиците да побараат од Лукашенко да се повлече.

Бруталниот полициски одговор направи малку за да ги спречи протестите во јавноста. Сега Лукашенко бара Путин да го спаси. Според „Форбс“, во саботата Лукашенко и Кремљ постигнале договор за потенцијална руска интервенција.

- Се согласивме дека на првото барање ќе биде дадена сеопфатна помош за да се осигури безбедноста на Република Белорусија - изјави Лукашенко.

Според Институтот за студии на војната во Вашингтон, во саботата белоруските државни медиуми го промениле известувањето за изјавата на Лукашенко, тврдејќи дека тој само ги поканил руските сили во Белорусија, во случај на надворешни воени закани.

- Лукашенко најверојатно ќе обвини дека протестите се поддржани од странство за да го легитимира повикот за руска интервенција во континуиран напор да се одделат лидерите на протестите од масата на белорускиот народ - велат од Институтот.

lukashenko
Фото: Screenshot/YouTube

- Сега Путин има избор. Дали ќе го повтори она од 2014 година (во Украина), оставајќи го Лукашенко да избега, земајќи ја Белоурсија и ризикувајќи да реагира Западот или ќе го модулира неговото мешање? Судбината на Белорусија зависи од неговата одлука - вели Џули Јофи, експерт за Русија.

Според „Форбс“, потенцијално руско преземање на Белорусија се очекува подолго време и следува по шест години од анексирањето на стратешкиот полуостров за Украина - Крим и по 12 години откако Русија ја нападна Грузија под изговор за „мировни мисии“.

Ако Русија ја окупира Белорусија, таа би можела да создаде „Унија на државата“ за да го продолжи раководството на Путин над двете земји, нешто за што двете земји поставија темели во договор пред 20 години, на што Лукашенко се спротивстави, додава „Форбс“.

- Кремљ има стратешки интерес да ја консолидира контролата над Белорусија и да обезбеди долгорочно усогласување на нејзината влада и нејзините луѓе со Русија - објаснуваат од Институтот за студии на војна.

Тековниот протест против авторитарното владеење на Лукашенко е токму сценарио од кое се плашеше Кремљ. Во Украина, продемократските протести проследени со промена на режимот претходеа на инвазијата на Русија на Крим и нејзината последователна поддршка на сепаратистите во источниот регион Донбас во Украина.

Рускиот режим најверојатно се плаши од револуција или друго политичко движење за интегрирање на Белорусија со Западот, откако Лукашенко ќе ја напушти функцијата, предвиде Институтот во 2019 година. Но, Лукашенко одбива да ја напушти функцијата.

Плановите на Русија за Белорусија не се однесуваат само на неа, пишува „Форбс“.

- Русија планира да ја прошири својата воена база во Белорусија за да ја прошири својата закана за границите на Украина и НАТО. Путин дури може да го смета раководството на „Унијата“ како остварливо средство за да остане на власт по завршувањето на неговиот последен мандат како руски претседател во 2024 година - сметаат во Институтот.

Но, освојувањето на Белорусија може да ги отуѓи Белорусите, начинот на кој Русија ги претвори Украинците во нејзини непријатели.

- Украина секогаш одеше во различни насоки - и кон Европа и кон Русија, но руската инвазија ги огорчи Украинците. Дали Путин е подготвен да изгуби една генерација Белоруси - прашува Јофи.

Извор: Forbes
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика