Некогаш доминантни на боиштата, тенковите во последните години не се популарни, особено со користењето дронови во војните. Сепак, овие воени машини остануваат главни во воените капацитети на многу нации.
Во графичкиот приказ подолу можете да видите кои земји имаат најмногу тенкови, врз основа на податоците од „Глобал фајрпауер“. Бројките се од годинава и вклучуваат процени таму каде што не се достапни официјални бројки.
Фото: Visual Capitalist
Во текот на изминатите неколку децении Кина драматично ги зголеми воените сили. Додека членките на НАТО го намалија трошењето на одбрана по Студената војна, Кина го зголеми воениот буџет за 566 %, станувајќи вториот најголем вложувач во воените капацитети на глобално ниво, веднаш зад САД. Тоа инвестирање поттикна брзо зголемување на капацитетите, а од 2023 година Кина ги надмина Русија, Северна Кореја и САД во однос на поседувањето тенкови и сега има најмногу во целиот свет - 6.800.
Следни на листата се Русија со 5.750, САД со 4.640, Северна Кореја со 4.344 и Индија со 4.201 тенк.
Египет, Пакистан и Турција имаат по повеќе од 2.000 тенкови. Неколку земји од Блискиот Исток и Северна Африка, меѓу кои и Иран, Алжир и Саудиска Арабија, исто така се во првите 20 на листата.
Од регионот, на листата се најде само Грција со 1.344 тенкови.
Покрај ранливоста на дроновите и прецизните оружја, тенковите остануваат витален елемент на борбите со комбинирани оружја. Нивната способност за пренесување тешко оружје, да апсорбираат штета и да ја поддржат пешадијата на сложен терен продолжува да ги прави незаменливи во многу воени доктрини.
Модерните тенкови се надградуваат и со активни системи за заштита, подобрени сензори и технологии на хибриден погон за да можат да се соочат со новите закани.
Извор:
Visual Capitalist
Насловна фотографија: Freepik