Полетувањето на авион на „Ер Индија“ од Колката доцнело дури два и пол часа откако рој пчели се насобрале на прозорецот на пилотската кабина.
Пчелите го попречуваа погледот на пилотите. Тие не успеале да ги отстранат ниту со помош на бришачите за ветробранското стакло. Авионот веќе доцнел 90 минути поради технички проблеми, па пчелите им одзедоа на патниците уште еден час.
Ројот бил успешно отстранет дури кога противпожарната служба на аеродромот искористила воден топ.
На летот имало 136 патници чија дестинација била градот Агарталу во Североисточна Индија, што вообичаено трае само еден час.
На летот бил и министерот за информации на Бангладеш, Хасан Махмуд.
Директорот на аеродромот изјави дека по непредвидените пречки аеродромот бил целосно проверен и не биле пронајдени кошници пчели, па веројатно пчелите дошле однадвор.
Аеродромот во Колката е еден од најфреквентните и најсофистицирани во Индија.
Извор: МИА