Семафорите можеби нема да имаат само црвено, жолто и зелено светло. Научници од Државниот универзитет на Северна Каролина предлагаат да се воведе четврто, бело светло.
Идејата е да се олесни управувањето со сообраќајот во ерата на автономните возила.
Што означува белото светло?
Белото светло би се вклучувало кога во близина на раскрсница ќе има доволно автономни возила кои ќе комуницираат меѓусебно. Тогаш тие возила би ја презеле координација на сообраќајот. Возачите на „класични“ автомобили ќе треба само да го следат возилото пред себе.
Црвеното, жолтото и зеленото светло ќе останат во употреба, а белото ќе се активира само привремено.
Како ќе функционира системот?
Сè ќе се заснова на размена на податоци во реално време меѓу возилата и семафорот. Кога доволно автономни автомобили ќе пристигнат на раскрсницата, семафорот тоа ќе го регистрира и ќе вклучува бело светло.
Кога нивниот број ќе се намали, системот ќе се врати на класичен режим.
Зошто се воведува четврта боја?
Според истражувањата, дури и ако само 10 отсто од возилата се автономни, застојот во сообраќајот би се намалил за околу 3 отсто. Ако мнозинството возила бидат автономни, метежот би можел да се намали и до 94 отсто. Тоа значи помалку чекање, помала потрошувачка на гориво и помала емисија на загадување.
Каде прво ќе се тестира?
Планирани се тестирања во контролирани средини, како што се пристаништа, каде што сообраќајот е густ, а бројот на пешаци е мал. Иако засега се предлага бела боја, можно е да се користи и друга боја, важно е само да биде јасно видлива.
Ако системот се покаже успешен, семафорите со четири бои би можеле да означат почеток на нова ера во која луѓето и автономните возила заедно ќе управуваат со сообраќајот на поефикасен начин.
Извор:
Atvbl.rs
Фото: Freepik