X
 18.11.2021 Живот

Се бара човек што ќе биде платен за да гледа филмови од детството

Со специјалните епизоди, како онаа за „Хари Потер“ и нови верзии на стари серии и филмови, јасно е дека носталгијата е главната алатка на многу филмски студија во последниов период. Затоа, не сте сами доколку постојано сакате да ги гледате старите серии и филмови од детството. Впрочем, еден среќен жител на САД ќе биде платен за да гледа омилени филмови од детството.

Компанијата „УС диш“ ќе му плати на еден жител на САД точно 1.234 долари за да гледа 5 омилени филма од детството по сопствен избор. Компанијата бара од кандидатите да ги набројат филмовите што би ги гледале. Кандидатите треба и да објаснат зошто тие би биле совршени за работата.

Како дел од работата, успешниот кандидат ќе треба да известува за искуството на социјалните мрежи, а филмовите ќе ги гледа во период од 15 дена.

Компанијата ќе ги покрие и трошоците за изнајмување на филмовите и ќе му испрати на кандидатот пакет со слатки и грицки.

Пријавувањето трае до 17 декември.

Извор: Mental Floss
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот