X
 04.08.2017 Живот

САД со нов закон против лотаријата за зелена карта

САД се подготвуваат да ја укинат лотаријата за добивање зелена карта која е еден од најпосакуваните документи за имигрантите во оваа земја. Американскиот претседател Доналд Трамп, заедно со двајца републикански сенатори наскоро ќе најави предлог-закон насочен кон намалување на легалната имиграција, мерка која републиканците одамна ја најавуваа.

 

Како што пренесува Гласот на Америка, со предлог-законот за намалување на легалната имиграција, ќе се укине лотаријата за зелена карта, што во голема мера ќе го отежне нејзиното добивање. Овој закон предвидува и ограничување за влез на членови на семејствата на имигрантите, со што легислативата ќе придонесе за намалување на бројот на имигрантите со легален престој во САД од еден милион на 500.000 лица годишно.

Овој закон допрва треба да помине во Сенатот, но очекувањата се дека ќе биде изгласан. Трамп уште за време на неговата претседателска кампања најавуваше дека една од неговите главни цели во политиката ќе бидат реформи во имиграциониот закон на САД.

Ако се изгласа законот, во иднина предност при добивањето на овој документ ќе имаат кандидатите кои добро го владеат англискиот јасик, имаат доволно финансиски средства за да се издржуваат живеејќи во САД, како и оние кои што поседуваат знаења и вештини кои ќе бидат од корист за развој на американската економија.   

- На овој начин ќе се намали сиромаштијата во земјата, ќе се зголемат платите и ќе се заштедат пари на даночните обврзници. Истовремено, со новите правила, ќе се намали миграцијата  – изјави Трамп за медиумите во САД.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот