X
 12.07.2022 Образование

САД ќе плаќаат тутори за учениците што заостануваат поради пандемијата

Претседателот на САД, Џо Бајден, ги повикал училишните окрузи и сојузните држави да искористат средства од Американскиот план за спасување за да финансираат тутори по математика и по мајчин јазик.

Планот е да се најдат 250.000 волонтери кои ќе бидат учители и ментори на американските деца што заостануваат со материјалот поради пандемијата.

- Поради пандемијата, децата заостануваат во математиката и во мајчиниот јазик. Знаеме како да помогнеме во покривањето на оваа празнина. Ги повикувам училиштата да ги искористат средствата од Американскиот план за спасување за да ги прошират програмите за туторство, летната настава и програмите надвор од училиштата и да најдат 250.000 дополнителни наставници и ментори за нашите деца - напишал Бајден на „Твитер“.



Министерството за образование на САД започнало програма со која ќе регрутира 250.000 возрасни волонтери во следните три години.

Волонтерите ќе работат со родителите и наставниците за да им помогнат на учениците да го надоместат загубеното и да постигнат подобри резултати.

Извор: Srednja
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование