X
 19.02.2017 Здравје

Како телата добиваат микроби?

Со едно најново истражување се дошло до докази дека новороденчињата добиваат различна доза на микроби ако се родени со царски рез и по природен пат.


Фото: Pixabay


Се смета дека процесот на раѓање е основен за видовите на бактерии и микроби кои се содржат во телото кое во целина е дом на 10 до 100 трилиони микроби и многу од нив се витални за опстанокот на човекот. Тие го креираат имуниот систем, штитат од патогени бактерии, креираат витамини и влијаат на нарушувања на метаболизмот.

Одамна се претпоставувало дека утробата е стерилна средина и дека доенчињата се сретнуваат со микроби само ако јадат загадена храна. Денес се знае дека микробите се вселуваат во телото пред раѓањето, кога микробите се изолирани со амнионска течност што ги опкружува неродените бебиња. Сепак при самиот чин на раѓање се доаѓа во контакт со многу микроби кај вагиналниот канал, кожата и цревата на матката. Ако се роди со царски рез се претпоставува дека новороденчето ќе впие помал број на микроби.

Во ова најново истражување се доаѓа до заклучок дека нема големи разлики во количината на микроби кога новороденчето е донесено на свет со царски рез или по природен пат. Овој тим испитувал и какви микроби содржат телата на новороденчињата и се дошло до заклучок дека со исклучок на црниот измет со кој бебињата се раѓаат, насекаде имаат ист вид микроби, без за разлика кој дел од телото се работи. Сепак кај различни бебиња микробите на кожата биле различни. Изненадувачки било тоа што кај шестмесечни бебиња се препознало дека бебињата имаат еден вид микробиолошки „идентитет“ кој зависел од домот и семејната средина.

Сепак, според тимот истражувачи студијата е мала за да се задоволи оваа важна тема со доволно докази.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје