Жител на Кентаки добил отштета од 450.000 долари откако неговата компанија му организирала роденденска забава и покрај неговите предупредувања дека тоа би му создало стрес и анксиозност.
Кевин Берлинг тврди дека непосакуваната роденденска забава во 2019 година во „Гревити дајагностикс“ му предизвикала повеќе панични напади. Во тужбата тој ја обвинил компанијата за дискриминација врз основа на попречување.
Според тужбата, Берлинг, кој страда од анксиозност, побарал од неговиот менаџер да не се слави неговиот роденден како што вообичаено се прави за другите вработени бидејќи може да му предизвика паничен напад и да му врати непријатни спомени од детството. Но и покрај неговото барање, компанијата му организирала забава во август 2019, а тоа довело до паничен напад кај него.
Фото: Pixabay
Тој брзо ја напуштил забавата, а следниот ден бил критикуван и обвинет дека им ја скратил радоста на колегите и се однесувал како „мало девојче“. Овој состанок му предизвикал втор паничен напад, а по неколку дена компанијата го отпуштила поради грижи за безбедноста на работното место.
По тужбата од страна на Берлинг, судот пресудил дека компанијата треба да му плати отштета од 450.000 долари, од кои 300.000 долари за емоционално вознемирување, а 150.000 долари за загубени дневници.
Извор:
BBC
Насловна фотографија: Freepik