X
 04.04.2024 Живот

13 години Факултети.мк

Денеска Факултети.мк полни 13 години. Додаваме уште една свеќичка на тортата и посакуваме нашата успешна приказна да трае уште многу години.

Секако, не поминува роденден без да се осврнеме на она што сме го направиле во текот на изминатата година, па така и оваа наздравуваме за уште еден круг околу Сонцето полн со многу успешни приказни и издржани новинарски трудови. Во ова бурно време на брзо информирање ние се трудиме да останеме мирни, а сепак точни и со секогаш проверени и релевантни информации. Најголемата потврда дека она што го работиме се цени е нашата бројна публика и поддршката што секојдневно ја добиваме од неа.

Заокружуваме уште една година полна со предизвици, а почнуваме нова, секогаш на располагање на публиката.

За многу години!
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот