X
 19.05.2021 Живот

По пандемијата многумина нема да знаат како да живеат нормално

Пандемијата на коронавирусот значително ги промени секојдневните активности, па дури и начинот на живот на многу луѓе. Повеќето не паметат како изгледало времето пред пандемијата, а многумина нема да знаат ни како да се вратат во нормалниот живот по пандемијата.

- Веројатно ќе продолжам да избегнувам физички контакт и ќе продолжам да носам маска - вели еден жител на Тексас.

Честопати има сомнежи дека лицето што седи до него потенцијално може да биде заразено со ковид-19, што претставува голем психолошки товар за него. Соодветно на тоа, овој човек често избегнува социјални собири.

Пандемијата предизвикува вознемиреност кај луѓето - доколку ја заборават маската или ако ја извадат маската додека се на јавни места.

- По завршувањето на пандемијата, повеќето луѓе ќе доживеат вознемиреност, депресија и страв од надворешниот свет - вели д-р Хектор Колор Ривера, претседател на Американското здружение на психолози од шпанското говорно подрачје.

маска
Фото: Freepik

На луѓето ќе им биде потребно време да се вратат во нормалниот тек на животот, што првично ќе биде проблем за една заедница.

Конечно, заштитните маски, по пандемијата, ќе станат составен дел од животот на секоја индивидуа, бидејќи досега научивме да не излегуваме без нив.

На некои луѓе и понатаму ќе им биде тешко да ги извадат маските од лицето затоа што тие се нешто што со месеци го поврзуваа со спасување животи. Особено ќе им биде тешко на оние што ги загубиле најблиските поради ковид-19.

- Тоа е како да страдате од форма на посттрауматски стрес или траума што ќе направи некои луѓе да бидат хипербудни - вели Колон-Ривера.

Со целиот страв и неизвесност, носењето маска и покрај тоа што не е потребно во некои земји засега е логично за луѓето.

Лекси Литл, студентка на магистерски студии на Универзитетот во Џорџија, ги примила двете дози и сака да помине време со семејството. Но, и покрај тоа што е вакцинирана, таа ќе продолжи да ја носи маската кога е во метеж и меѓу невакцинирани луѓе.

- Сакам да ги заштитам другите околу мене од потенцијално заразување со вирусот. Науката продолжува да се развива во врска со ширењето на оние што веќе биле вакцинирани, па затоа чекам подобри појаснувања пред да ја отстранам маската - вели таа.

Емили Ривера неодамна прими вакцина. Таа вели дека ќе продолжи да ги следи препораките на властите за носење маски во затворено. Но, планира да ја носи маската во јавноста долго време откако ќе се прогласи дека пандемијата заврши.

- Стекнав навика на носење маска и тоа дефинитивно ми помогна во сезоната на настинки и грип. Не сум сигурна дали ќе верувам дека пандемијата завршила - вели таа.

Извор: CNN
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот