X
 19.06.2019 Економија

Собирајте ги фискалните сметки, од 1 јули ќе има поврат на ДДВ

Едно четиричлено семејство нема да може да добие поврат поголем од 28.800 денари годишно

Сите граѓани на Македонија, постари од 15 години од 1 јули ќе имаат право на поврат на ДДВ на секоја фискална сметка, а првата исплата ќе биде во декември на нивните трансакциски сметки.
Едно четиричлено семејство нема да може да добие поврат поголем од 28.800 денари годишно.


Фото: Јутјуб

Министерот за финансии Драган Тевдовски на денешната прес-конференција изјави дека фискалните сметки треба да бидат скенирани со мобилните телефони најдоцна 10 дена од издавањето на фискалната сметка. Сметката ќе може да се скенира со апликација од мобилниот телефон и може да биде најголема до 30.000 денари.
- Услов е секој да има трансакциска сметка на свое име ако сака лично да ги добие парите. Доколку граѓаните немаат можност сами, од еден мобилен може да се користат повеќе профили, затоа обратете се кај најблиските. Во декември 2019 ќе биде првата исплата парите на сметките. Најмногу 28.800 денари годишно ќе може да добие четиричлено домаќинство. Ова важи само за граѓани, а не за претпријатија кои работат со фактури и сметкопотврди - изјави Тевдовски.

Премиерот Зоран Заев објасни како е математичката пресметка за оваа новина.
- Важно е дека оваа мерка ќе биде еднаква за сите, односно ќе има лимит за богатите. Секој може да си направи математичка пресметка. Секој ќе добие 27 денари на платена сметка од 1.000 денари.Тоа се 15 отсто од платен ДДВ од 18 отсто на фискална сметка. Нашите пресметки се дека кај граѓаните на овој начин ќе се вратат 50 милиони евра - рече Заев.

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска истакна дека апликацијата е едноставна и лесна за користење.
- Од 1 јули фискалните сметки нема да бидат парче хартија. Апликацијата „Мој ДДВ“ скенира само валидни сметки со скенирање на бар-кодот, незаконските нема да ги препознае Апликацијата е направена така што ќе има и извештај да може да се види колку пари ќе му бидат вратени на секој - изјави Лукаревска.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија