X
 09.03.2022 Живот

За лебот, шеќерот, брашното - тип 400, маслото за јадење, трајното млеко, свежото месо, оризот и јајцата се укинува ДДВ

Владата одлучи - субвенции во цени на електрична и тополинска енергија и дневно одредување на цена на горивата се дел од пакетот од 26 мерки за заштита на стандардот на домаќинствата и одржување ликвидност на компаниите што ги донесе како мерки за ублажување на економската криза

Владата на денешната седница усвои пакт од 26 мерки и препораки поделени во две категории, за надминување на економската криза, која е предизвикана од енергетската криза и од војната во Украина, рече премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција.

-Мерки и препораки за одржување на животниот стандард на граѓаните, оддржување на ликвидноста на компаниите и мерки за помош на компаниите преку Развојната банка. Во делот на мерките се и следниве - ја намалуваме повластената стапка на ДДВ за основните производи за исхрана на нула проценти и таа се однесува на леб, шеќер, брашно - тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко, свежо месо, ориз и јајца. Ги замрзнуваме маржите на основните прроизводи за исхрана. Со оваа мерка спречуваме создавање на наднормален профит, а ќе се влијае на ценовниот шок на одбрана категорија на прехранбени производи. Предвидуваме субвенции за најранливата категорија на граѓани за основни производи за исхрана. Тоа се ваучери од илјада денари месечно за период од три месеци за околу 35 илјади граѓани. Тие ќе се користат за купување основни производи - рече Ковачевски.

Тој нагласи дека се укинуваат царинските давачки за увоз на основните прехранбени производи и тоа за сите сите земји. Се укинува повластената даночна стапка за електрична енергија за домаќинствата, која ќе важи до декември годинава. Тој објасни дека со тоа ќе се ублажи ценовниот шок од зголемување на цената на електричната енергија на светските пазари.

-Препорака за менување на методолиогијата за одредување на цена за мали потрошувачи и домаќинствата кои се на регулираниот пазар на електрична енергија, со која ќе се обезбеди пониска цена на електрична енергија. Ја продолжуваме мерката за енергетска сиромаштија, со која се предвидуваат субвенции за домаќинставата. Субвенции за пензиониртеите од по илјада денари во три месеци за купување основни производи - рече Ковачевски.

Тој додаде дека Владата ќе продолжи со субвенционирањето на регулираниот пазар на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи, и оваа мерка ќе биде активна до јуни годинава. Владата ќе ја субвенционира и цената на топлинската енергија.

Препорака за менување на методологијата за усогласување на цените на дериватите врз основа на промената на берзанските цени од неделна на дневна основа.

Воедно, се предлага нова методологија за одредување на цената на горивата.

-Ѝ препорачуваме на Регулаторната комисија цените на горивата да ги менува на дневна основа, барем додека трае кризата за да се избегнат големи ценовни промени - рече Ковачевски.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот