X
 19.06.2020 Култура

Почина славниот шпански писател Карлос Руиз Зафон

Карлос Руиз Зафон, шпански автор на меѓународно најпродавани романи, меѓу кои е и „Сенка на ветрот“, почина на 55-годишна возраст.

Новелистот, кој често беше опишуван како најчитаниот шпански автор по Сервантес, починал денес во неговиот дом во Лос Анџелес, а според шпанските медиуми, во 2018 година на Зафон му бил дијагностициран рак на дебело црево.

- Загубивме еден од најчитаните и најобожаваните шпански писатели во светот. Карлос Руиз Зафон, клучен новелист од нашата епоха, значително придонесе за модерната литература - напиша шпанскиот премиер Педро Санчез на „Твитер“.

Книгите на Руиз Зафон се преведени на повеќе од 40 јазици, а има освоено и многу награди.

Руиз Зафон е роден во Барселона, а пред да дебитира како писател во 1993 година работел во полето на маркетингот.

Извор и насловна фотографија: Guardian

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура