X
 01.01.2021 Култура

Почина Зоран Џорлев

Зоран Џорлев, виолинист, вокален изведувач и професор, почина денеска на 53-годишна возраст.

Џорлев е роден во Струмица на 10 јануари 1967 година, каде го поминал детството. Уште во раното детство започнал да свири на труба, хармоника и гитара. Во 1977 година почнал да свири на виолина, откако претходно во музичкото училиште бил одреден да свири на пијано, зашто „немал предиспозиции за виолина“. Во 1989 дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност.

Познат е по обработките и изведувањето на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез, етно теми. Џорлев беше професор по виолина и директор на ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“ во Скопје. Во јануари 2011 тој беше назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, каде остана до август 2017 година.


Фотографии: Facebook

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура