X
 19.06.2025 Живот

Во 2024 година починале 20.201 лице, најмногу од болести на циркулаторниот систем

Бројот на умрените лица во 2024 година е 20.201, што претставува зголемување од 0,1 % во споредба со 2023 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Оттаму додаваат дека поголем број умрени лица, т.е. 10.604 се од машки пол наспроти 9.597 жени. Умрени доенчиња се 47, а нивното учество е 0,2 % на 100 умрени лица.

Според месецот на смртта, најголем број случаи, 2.010, се регистрирани во јануари, а најмалку, 1.518, во април.

Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71,9 години, односно 76,8 години кај лицата од женски пол или за 4,9 години е повисока просечната возраст кај жените.

Според Меѓународната класификација на болестите (МКБ-10), најголемо учество во вкупно умрените лица имаат умрените од болести на циркулаторниот систем (шифра I00-I99) со 36,7 %, потоа неоплазмите (шифра C00-D48) со 19,6 %, ендокрините, нутритивните и метаболичките болести (шифра Е00-Е90) со 7,7 %, болестите на респираторниот систем (шифра Ј00-Ј99) се застапени со 4,1 % и следуваат преостанатите, но со помала застапеност.

Фото: Freepik

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот