X
 19.07.2018 Живот

Овој јапонски град бара нинџи и им нуди огромни плати

Можеби сте слушнале за демографската криза со која се соочува Јапонија, но таа се соочува и со друга помалку позната криза. Во Јапонија нема доволно нинџи.

Ига е мал град во централна Јапонија за кој се вели дека е родното место на нинџите. Секоја година овој град, кој има околу 100.000 жители, го посетуваат 30.000 туристи кои одат таму за да го видат годишниот фестивал на нинџите.

Сепак, Ига се соочува со депопулација и со намалување на двете клучни нешта што ја одржуваа економијата: нешта што можете да ги продавате и луѓе што ќе ги купат тие нешта.

Фото: Business Insider

За да ја оживее локалната економија, градоначалникот на Ига, Сакае Окамото, го промовира наследството од нинџите со цел да привлече повеќе туристи.

- Моментално во Ига работиме напорно на промоција на туризмот со нинџите и на постигнување што е можно подобри економски резултати - вели градоначалникот.

Тој додава дека пример за тоа е фестивалот кој привлекува туристи, но и мештани. На овој фестивал луѓето се шетаат облечени како нинџи.

Минатата година Јапонија ја посетиле 29 милиони туристи. Тоа е за 20 отсто повеќе од 2016 година. Додека некои градови имаат економски бенефити од приливот на туристи, руралните, како Ига, се запоставени. Надевајќи се дека ќе ги привлече туристите да останат подолго од еден ден во градот, Окамото го дислоцира градското собрание и прави втор нинџа-музеј на негово место. Но, Ига треба да привлече и работници што би работеле и живееле во руралниот град.

Фото: Business Insider

Тоа не подразбира само градежници, туку и нинџи. Градот се соочува со недостиг од нинџи, а отежнувачки фактор е тоа што Јапонија има екстремно ниска стапка на невработеност, само 2,5 отсто. Затоа е многу тешко да се најдат работници во Јапонија, а не пак нинџи што треба да бидат добро истренирани.

Се нуди и добра плата. Нинџите годишно можат да заработат од 23.000 до 85.000 долари, што е солидна плата ако се земе предвид фактот дека нинџите во минатото заработувале меѓу 8.000 и 17.000 долари.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот