X
 02.12.2022 Економија

Колкави се платите на вработените во „Гугл“, „Амазон“ и другите гиганти?

Нов закон за транспарентност на платите во Њујорк стапи во сила на 1 ноември. Тоа значи дека луѓето што бараат работа, но и сите други, може да дознаат колкави плати им нудат светските компании на своите вработени.

Според законот, корпорациите што вработуваат во Њујорк мора да објават податоци за минимална и максимална плата за сите огласи за работа, унапредувања и можности за трансфер. Компаниите може да бидат казнети до 250.000 долари доколку не ги објават овие податоци.

Поради новиот закон, објавени се податоци за платите во најголемите компании. Еве колкава плата нудат компаниите што вработуваат во Њујорк.

„Гугл“

Специјалист за приватност на огласи во „Гугл“, кој работи во Њујорк, може да очекува да заработи основна плата од 135.000 до 209.000 долари годишно, плус бонус и други бенефиции. Експерт за приходи може да очекува основна плата од 103.000 долари до 157.000 долари годишно.

„Амазон“

Виш менаџер на производи во „Амазон“ кој работи во Њујорк има основна плата помеѓу 121.000 долари и 235.200 долари годишно, додека платата на корпоративниот советник е помеѓу 172.000 долари и 190.000 долари.

„Делоат“

Основната плата за аналитичар за вештачка интелигенција изнесува 90.000 долари годишно, додека консултант во здравствениот тим може да заработува 105.000 долари.

ИБМ

Виш консултант кој работи во Њујорк може да заработи од 95.260 долари до 177.580 долари годишно. Аналитичар за правни работи може да очекува заработка од 63.000 до 97.000 долари.

„Пепси ко“

За виш менаџер за стратешки предвидувања и идни визии, наведената основна плата се движи од 132.000 долари до 142.300 долари. Менаџер за увид во е-трговија може да биде платен од 126.400 долари до 215.000 долари.

„Твитер“

Инженер за машинско учење кој работи во Њујорк заработува помеѓу 212.000 долари и 297.000 долари, додека виш аналитичар на работна сила има плата помеѓу 142.000 долари и 200.000 долари.

Извор: Capital
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија