X
 19.07.2020 Образование

Првата студиска онлајн-програма по астрономија

Државниот универзитет во Аризона од оваа година ќе нуди нова додипломска програма за астрономски и планетарни науки која целосно ќе се имплементира онлајн. Оваа програма се смета за прва акредитирана онлајн-програма за додипломски студии по астрономија во светот.


Фото: Pixabay

Програмата ќе вклучува предмети по астрономија, инженерски системи и планетарна наука, но и изборни предмети. Во соопштение, универзитетот пишува дека курсот е дизајниран за студенти заинтересирани во технолошко и научно новинарство и пишување, научна регулатива, статистичка анализа на податоци и компјутерско програмирање.


Фото: Pixabay

- Нашата цел е да го направиме достапно и инклузивно истражувањето на нашиот Сончев Систем и универзум - изјавува Минакши Вадхва, директор на факултетот за истражување на земјата и вселената при универзитетот.

Студиската програма може да се најде овде.

Автор: Крис Јанг
Извор: interestingengineering.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование